Предности

Одлична Топлотна и Звучна Изолација.

Зенон Панелите овозможуваат одлична топлотна и звучна изолација. Ова е овозможено од стиропорот(EPS) што се наоѓа на средината на панелите. Стиропорот исто така овозможува:

  • Се намалува струењето на воздухот внатре во ѕидот
  • Зенон Панелите не ја впиваат влажноста и не се капиларни
  • Не дозволува влажноста да се формира на ѕидот
  • Не дозволува воздухот да поминува низ нив
  • Најевтин изолациски материјал на пазарот

Заштеда до 20%.

Поради брзата изградба со овој вид материјал, лесниот транспорт, изолационите својства, и заштедата на простор (тенки панели од 13 цм), изградбата со Зенон Панели овозможува заштеда од 20% во споредба со другите начини на изградба.

Овозможува Дополнителен Корисен Простор од 5% до 8% (Зафаќа Помалку Место).

Затоа што ѕидовите изградени со Зенон Панелите се потенки од стандардните ѕидови изградени со цигла, со овој вид на изградба се придобиваат многу метри квадратни. Придобивките од овој дополнителен простор, за објекти што се издаваат под кирија или за објекти што се изградени за продавање се многу големи и овој екстра простор го финансира вложениот материјал.

Лесен И Евтин Транспорт.

Зенон Панелите се многу лесни(4.5 кг/м2), што овозможува лесен и евтин транспорт.

Без Фира.

Кога градиме со Зенон Панели не останува фира затоа што и најмалите парчињата можат да се врзат за другите панели и да формираат ѕид. Ова ни овозможува додатна заштеда и лесна изградба.

Брза Изградба.

Изградбата со Зенон Панели е околу 10 пати побрзо од изградба на ѕид со цигла, или некои други традиционални градежни материјали.

Лесна Монтажа

Монтажата на Зенон Панлите е многу лесна и не бара високо квалификувани работници и/или мајстори.

Носивост на Товар и Издржливост при Натоварување.

Челичната мрежа(арматурата) на панелите е со посебен дизајн и ни дава цврстина.

Огноотпорен.

Стиропорот на Зенон Панелите е класификуван како Б1(огноотпорен) според DIN стандардот. Ова значи дека не е запалив и дека се изгаснува сам од себе.

Издржлив на Земјотреси.

Објектите изградени со Зенон Панели се многу издржливи на земјотреси во споредба со другите објекти поради еластичноста на панелите, цврстината и малата тежина.

Еластичност.

Со Зенон Панелите може да формираме различни форми (куполи, полукругови и дрг.) и им даба можност на архитектите и дизајнерите да работат без ограничување од материјалот.